Локација: Skopje, Скопје, 076 209 838
Понеделник - Петок 9:00 - 17:00, Сабота/Недела Затворено
Tоталните (целосни) протези се изработуваат за беззаби пациенти и се задржуваат во устата преку вакуум – пасивна ретенција. Се зема прецизен отпечаток од вилицата, а протезата се моделира по индивидуалната форма на непцата. За дополнителна стабилност, особено во долната вилица каде што има помала површина и движења на јазикот, често се користат лепила и пасти.
Горната тотална протеза обично е постабилна поради поголемата површина на непцето и палатумот, што овозможува подобар вакуум.
Парцијалните протези се користат кога недостасуваат неколку заби, а останатите се здрави. Тие ги надополнуваат изгубените заби и спречуваат поместување на преостанатите. Се изработуваат од акрилат или со метална рамка, и може да се прицврстуваат со куки или невидливи атачмени.
Акрилатни парцијални протезиВизил протези со метална основаВизил протези поврзани со мостови