Локација: Skopje, Скопје, 076 209 838
Понеделник - Петок 9:00 - 17:00, Сабота/Недела Затворено
Не чекајте за да го направите следниот чекор кон убава, здрава насмевка. Закажете преглед и уверете се колку лесна и корисна може да биде професионалната стоматолошка нега.








Најбрзиот начин да ги добиете сите одговори на вашите прашања. Др. Гоце Арсов ви стои на располагање. Изберете термин и закажете целосно бесплатна консултација!


Кога треба да замените оштетен заб или да поставите коронка на имплант, се соочувате со важен избор: металокерамика или безметална коронка?
Иако и двете опции ја враќаат функцијата на забот, тие драстично се разликуваат во однос на естетиката, трајноста и вкупната инвестиција.
Еве детален преглед на главните разлики за да ви помогнеме да ја донесете најдобрата одлука.
Забните коронки и мостови се фиксни протетски надоместоци кои се користат за реставрација на функцијата, силата и естетиката на забите. Тие се трајно цементирани и не можат да се отстранат од пациентот.
Коронката е фиксен надоместок кој го покрива целиот оштетен заб или забен имплант. Таа делува како „капа“ која му дава на забот нов, потполно природен изглед.
Главна цел:
Замена на забната коронка која е оштетена од кариес или траума.
Заштита на заб кој е ендодонтски третиран (ваден нерв) и е подложен на пукање.
Естетска корекција на бојата, обликот или неправилната положба на забите.
Мостовите се користат кога недостасува еден или повеќе заби во забниот низ.
Мостот се прицврстува со состружување на соседните здрави заби (носачи) и преку нив се додава вештачкиот заб (или заби) што недостигаат.
Сите коронки се делат на два главни типа, во зависност од материјалот од кој е изработена нивната основа:
Конструкција: Имаат надворешен дел од керамика, додека средишниот каркас (основа) е изработен од метал.
Изработка: Металната основа се изработува рачно.
Трајност и Естетика: Со тек на време (понекогаш по 10 до 15 години) може да дојде до просветлување на металот (појава на темна линија на непцето), што бара замена.
Цена: Попристапна опција (пример: околу 3000 денари по коронка).
Конструкција: Целосно се изработени од висококвалитетна, биокомпатибилна керамика (Циркониум или E-max), без метална основа.
Изработка: Се изработуваат машински со CAD-CAM технологија, што гарантира исклучителна прецизност и совршено прилегање.
Естетика:
Најдобар ефект: Благодарение на отсуството на метал, тие имаат подобра проѕирност и го имитираат прекршувањето на светлината на природниот заб, давајќи потполно природен изглед.
Нема темна линија на непцето.
Биокомпатибилност: Безметалните коронки на циркониумска основа (Full Zirconia) и E-max коронките се потполно биокомпатибилни и не предизвикуваат алергиска реакција.
Одлично решение во естетска регија. Со безметални коронки се постигнува естетско совршенство.
Имајќи предвид дека безметалните коронки се значително поскапи (пример: околу 7000 денари по коронка) од металокерамичките, многу пациенти се решаваат за комбинација од двата вида коронки.
Препорачана комбинација:
Предна (Естетска) Регија (од 3 до 3): Се поставуваат Безметални коронки за да се обезбеди врвна естетика и проѕирност на забите кои се највидливи.
Странични Реги (Задни заби): Се користат Металокерамички навлаки, каде што функцијата и цврстината се поважни од ултра-естетиката.
Овој пристап ви овозможува да имате прекрасна насмевка без да го пречекорите буџетот.
Посетете нѐ во Дентал Студио Арс за бесплатна консултација за да го одредиме најдоброто решение за вас, без разлика дали е тоа Full Zirconia, E-max или комбинација.
Се наоѓаме во Скопје, Аеродром позади трговскиот центар Бисер (Boulevard Jane Sandanski (extension) 76 Lokal 3, Skopje 1000)
Цените на услугите зависат од услугата и комплексноста на самиот зафат. Кај секој пациент е различна процедурата. Доколку ве интересира цената, закажете бесплатна консултација и добијте ги сите одговори во најбрз можен рок
Да.
Потполнете го формуларот одкако ќе стиснете „Закажи бесплатна консултација„ и изберете датум.
Доколку имате било какво прашање, слободно пишети ни тука или јавете се на 076 209 838. Нашиот тим ќе ви помогне и ќе ви даде одговор на сите ваши прашања веднаш!
Тел: 076 209 838